Раководството на Реал Мадрид не разбира една одлука на Чаби Алонсо

by bojan
1 минути читање

„Кралевите“ се чудат зошто Чаби Алонсо не му дал поголема шанса на младиот Ендрик, кој веднаш блесна во француското првенство откако беше испратен на позајмица во Лион.

Овој месец, Реал Мадрид реши да му врачи отказ на Чаби Алонсо, стратегот издржа едвај седум месеци на кормилото на „кралевите“.

Низ медиумите кружеа многу приказни за тоа кои се причините за разделбата, а последните информации велат дека раководството на клубот се чудело на одлуката на Чаби Алонсо да не му се даде поголема шанса на младиот Ендрик.

Бразилецот беше закован на клупата, па во потрага на минутажа мораше да замине и да се пресели на позајмица во Лион.

Тој веднаш блесна во француското првенство, против Мец изминатиов викенд постигна и хет-трик.

Одредени извори велат дека Реал Мадрид веќе жали што Бразилецот го напуштил клубот, а како главен виновник за ова се посочува токму Чаби Алонсо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×