Пато се враќа на фудбалот: Купува клуб од Англија?

by Стефан
1 минути читање

Поранешниот напаѓач Алесандре Пато, кој официјално ја заврши кариерата минатата година, сега има амбиции да влезе во сопственичките структури на фудбалските клубови. Како што пренесуваат англиските медиуми, Бразилецот е во преговори за купување на англискиот клуб Колчестер јунајтед.

Пато веќе го посетил клубот и остварил средба со претседателот Роби Каулинг, а во таа прилика од трибините го следел и натпреварот на кој Колчестер славеше победа против Флитвуд Таун. Засега не се објавени детали околу висината на потенцијалната инвестиција.

Каулинг е сопственик на Колчестер речиси две децении и веќе ја изрази желбата да го продаде клубот. Минатото лето постоеше интерес и од американската компанија „Лајтвел спортс груп“, но договорот на крајот пропадна.

Колчестер моментално се наоѓа на осмото место во четвртата лига на англискиот фудбал, со три бода помалку од позициите кои водат во плеј-офот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×