Младата ѕвезда на Јунајтед со одговор до навивач на Арсенал: Единствена надеж ви се…

by 24 фудбал
1 минути читање

Амад Диало не ја пропушти шансата да провоцира по драматичната победа на Манчестер Јунајтед над Арсенал со 2-3, продолжувајќи ја вербалната битка надвор од теренот.

По големиот триумф над лондонскиот ривал, кој дојде веднаш по славјето против Манчестер Сити, крилото на „црвените ѓаволи“ беше активно на социјалните мрежи. Диало реагираше на објава на навивач на Арсенал на платформата X, кој пред натпреварот самоуверено најави убедлива победа од 4-0 за „топчиите“.

Фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска ја цитираше таа прогноза и објави фотографија од конечниот резултат, по што следуваше јасна порака:

Сонувај момче“, а потоа додаде уште поостро: „Единствената надеж ви се корнерите. Биди скромен“, напиша Диало.

Со оваа реакција, Диало директно алудираше на играта на Арсенал оваа сезона, во која голем број погодоци доаѓаат по прекини. Токму од корнер беше постигнат и еден од головите на домашниот тим на овој натпревар, што дополнително ја засили пораката на фудбалерот на Јунајтед и предизвика бурни реакции меѓу навивачите на двете страни.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×