Башкими доведе босански напаѓач од Киргистан

by 24 фудбал
1 минути читање

Екипата на Башкими продолжува активно да се засилува пред предизвиците во Првата македонска фудбалска лига, а најновото име во ростерот е насочено кон офанзивната линија.

Кумановскиот клуб официјално го претстави Азер Козиќ како нов напаѓач. Станува збор за 24 годишен фудбалер од Босна и Херцеговина кој во македонскиот шампионат пристигнува по настапите за киргистанскиот Талент.

Козиќ зад себе има и искуство од балканските терени, откако во татковината настапувал за Звијезда, Клис и Игман Коњиќ, а бил дел и од Кутјево во Хрватска, како и Кети Бистрица во Словенија.

Во редовите на Башкими веруваат дека новото засилување ќе донесе поголема ефикасност и свежина во нападот, особено во период кога клубот остана без неколку важни офанзивци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×