Директорите на Баерн Минхен го губат трпението со Дајот Упамекано бидејќи преговорите за нов договор продолжуваат да тапкаат во место, спорни се две точки, односно кога на сила ќе стапи откупната клаузула, и до кога ќе трае соработката.
Дајот Упамекано ги одработува последните шест месеци од договорот, па слободно може да си подаде рака со друг клуб и по крајот на сезоната беспари да го напушти Минхен.
„Баварците“ подолго време го убедуваат да стави потпис на нов договор, и последните информации велат дека директорите полека го губат трпението.
Проблем е тоа што преговорите продолжуваат да тапкаат во место и покрај тоа што начелно е постигнат договор за нова соработка.
Спорни се две точки, дали договорот да биде валиден до 2030 или 2031 година, и кога на сила да стапи откупната клаузула.
Дајот Упамекано и неговите агенти инсистираат откупната клаузула да може да се активира веќе следното лето, односно во 2027, додека пак Баерн Минхен бара откупната клаузула да може да се активира дури во 2028.
Што се однесува до платата (околу 20 милиони евра по сезона) како и бонусот за потпис (исто така во висина од околу 20 милиони) веќе постои договор помеѓу двете страни.