Не се изнаигра во калчото, па Астон Вила му ја прекина позајмицата!

by 24 фудбал
1 минути читање

Астон Вила официјално го врати јамајканскиот репрезентативец Леон Бејли од позајмицата во Рома, соопшти денеска клубот од Бирмингем.

Бејли во август минатата година се пресели во римскиот клуб на позајмица до крајот на сезоната, но двете страни постигнале договор соработката да биде прекината предвреме. Во текот на оваа сезона, офанзивецот забележа 11 настапи во дресот на Рома.

Во официјалното соопштение се наведува дека Астон Вила и Рома постигнале взаемен договор, по што јамајканскиот фудбалер повторно ќе му се стави на располагање на англискиот клуб.

Леон Бејли е член на Астон Вила од 2021 година, а во својата кариера претходно настапуваше и за Баер Леверкузен и Генк.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×