Младата ѕвезда на Арсенал, Итан Нванери се сели во Марсеј, двата клуба си подале рака за позајмица до крајот на сезоната вредна околу 4 милиони евра.
Голем број на клубови од Премиерлигата се обидоа овој месец да го добијат Итан Нванери, но „топчиите“ имаа други планови и решија да го пуштат младото момче во Марсеј.
Неколку извори попладнево објавија дека двата клуба си подале рака, Марсеј во целост ќе ја покрие платата на Англичанецот, а ќе одвои и „значителна“ сума за позајмица од шест месеци.
Новинарот Фабрицио Романо пишува дека се работи за сума од 4 милиони евра, но има и една финта.
Износот кој Марсеј треба да го плати ќе се намалува во зависност од бројот на настапи што ќе го забележи Итан Нванери, па доколку тој ужива поголема минутажа, исплатата ќе биде помала.
ФОТО: X/Arsenal