Осогово промовираше три засилувања на почетокот од подготовките – се врати Велинов!

by riste
1 минути читање

Изминатиот викенд второлигашот Осогово ги почна подготовките за вториот дел од сезоната, а промовираше и три сериозни засилувања.

Осогово беше солиден во првиот дел од сезоната, изгледаше стабилно, а така сака да продолжи и во вториот дел.

По завршувањето на есенскиот дел, тимот го напушти напаѓачот Жоглев кој се пресели во Шкендија Арачиново, но управата на кочанскиот тим не седеше со скрстени раце па го засили тимот за престојните предизвици.

Најзвучно засилување е враќањето на искусниот Стојанче Велинов, фудбалерот кој претходно покрај за Осогово играше и за клубови како Брера, Работнички, Ренова, Силекс… но и во Бугарија и Косово.

Сериозно засилување треба да биде и дефанзивниот играч за врска, Алпај Јусуф на кој последен клуб му беше Арсими, а има играно и за Башкими, Пелистер, Силекс…

За Осогово потпиша и Филип Димоски кој во Кочани пристигна од Победа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×