Милан со минимални 1-0 го совлада Лече, Никлас Филкруг со својот гол првенец во „црвено-црниот“ дрес донесе три и ја продолжи потерата по Интер.
Лече во средата го намачи Интер на Сан Сиро, а како тврд орев се покажа и на второто гостување во Милано во само неколку дена.
Милан вечерва исто така едвај успеа да стигне до трите бода, голот за победа од 1-0 падна во 76. минута.
Најголемиот дел од работата ја заврши Салемакерс со одличен прием и центаршут, но заслугите ќе одат на адреса на Никлас Филкруг, кој со глава ја затресе мрежата за гол првенец во „црвено-црниот“ дрес.
Со оваа победа, Милан ја продолжи потерата по Интер и остана на -3, Наполи е на -6, додека пак Рома е во топ четири со негатива од седум бода.
ФОТО: X/AC Milan