„Сините“ забрзано работат на ангажман на Жереми Жаке, веќе се договорија со дефанзивецот и на маса ставија 50 милиони евра, но Рен бара повеќе, односно околу 65 милиони евра и историска продажба.
Челси има проблеми во централниот дел на дефанзивата па овој месец се во потрага на ваков профил на играч.
Главна цел е перспективниот Жереми Жаке, кој со месеци е следен од скаутите на клубот од „Стемфорд Бриџ“.
Последните информации велат дека „сините“ веќе се договориле со 20 годишниот дефанзивец и сега главниот фокус е на преговорите со Рен за висината на трансферот.
На маса е ставена понуда од 50 милиони евра, но Рен бара повеќе, односно околу 65 милиони евра, што ќе преставува рекордна продажба за клубот од Бретања.