Тренерот на Кристал Палас, Оливер Гласнер, се чини дека порано од очекуваното ќе замине од клубот откако јавно на прес-конференција ја искритикува управата.
Познато е дека договорот на Гласнер трае до јуни и тој нема да го продолжи, ќе оди во поголем клуб. Но, големи се шансите да не го дочека јуни.
Синоќа Кристал Палас загуби од Сандерленд со 1-2, а Гласнер го искритикува раководството за продажбите на Марк Гуеи и претходно на Ечебери Езе.
„Се чувствувам комплетно предаден, најлоша работа е кога ќе ти го продадат капитенот на ден пред натпревар. Досега молчев, но веќе двапати ми го прават тоа оваа сезона. Прво на ден пред натпревар го продадоа Езе, а сега и Гуеи. Дали Кристал Палас со мене или без мене ќе ја заврши сезоната? Не ми е гајле“, рече нервозниот Гласнер.
Ваквата негова изјава плус фактот дека нема да го продолжи договорот ќе бидат причината поради која ќе добие отказ, се верува дека тоа ќе се случи наскоро.