337
Ељиф Елмас го започна натпреварот меѓу Наполи и Сасуоло во Серија А, но не го доигра и побара замена во 56. минута.
Македонскиот репрезентативец се држеше за главата откако лекарите му укажаа помош. Елмас излезе од игра под непознати околности загрижувајќи ги навивачите.
По натпреварот за ситуацијата се огласи тренерот Кристијан Стелини, кој седеше на клупата наместо суспендираниот Антонио Конте. Помошникот откри за што станува збор со Елмас.
„Елмас почувствува вртоглавица. Тоа веројатно се должеше на грип или настинка, а не стануваше збор за повреда. Ќе видиме што ќе покажат прегледите“, изјави Стелини.
Наполи стигна до победа во мечот против Сасуоло со голот на Станислав Лоботка (1-0).