509
Клубот од Дебар Маало донесе нов фудбалер кој игра по левата страна, се работи за Зија Мерџани.
Овој фудбалер во Работнички доаѓа како слободен играч, последен негов клуб бил Шкендија од кој заминал по крајот на минатата сезона. Пред Шкендија го носел дресот на Струга.
Се работи за 30 годинишен фудбалер кој е лев бек, вообичаено оперира по целата лева страна.
Работнички имаше ужасна прва половина од сезоната, па ќе треба да одиграат многу подобро за да се спасат од испаѓање.