Дејан Илиев потпиша за клуб кој се бори за титулата во Романија!

by riste
1 минути читање

Македонскиот голман, Дејан Илиев има нов клуб, тој останува во Романија, но сега ќе го брани голот на Рапид Букурешт.

30-годишниот Илиев претходно беше член на УТД Арад, но го раскина договорот со овој клуб и сега како слободен играч се сели во Рапид Букурешт.

Илиев стави потпис на едно и пол годишен договор со можност за продолжување на уште една сезона.

„Среќен сум што дојдов во Рапид, подготвен сум да дадам се за овој тим. Не можам да дочекам да ја почувствувам фантастичната атмосфера која ја создаваат Рапидистите! Напред Рапид“, рече Илиев.

Рапид Букурешт во моментов е на второто место во Романија со само еден бод помалку од лидерот Универзитатеа Краковија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×