Реал Мадрид следната сезона веројатно ќе иам нов тренер, но Флорентино Перез нема да застане тука и планира „галактико“ засилување во името на Ерлинг Халанд од Манчестер Сити.
„Кралевите“ имаат турбулентна сезона, Чаби Алонсо не се снајде на клупата и доби отказ, а на негово место беше назначен Алваро Арбелоа.
Ниту тој не почна како што треба, се посрамоти уште на стартот и доживеа елиминација во Купот на Шпанија од второлигашот Албасета.
Се очекува Реал да има нов тренер следната сезона, но ова нема да биде единствената промена на „Бернабеу“.
Флорентино Перез планира „галактико“ засилување во името на Ерлинг Халанд од Манчестер Сити и инвестиција од околу 200 милиони евра.
Во Мадрид може да пристигне уште едно звучно има, односно Енцо Фернандез од Челси, кој ќе чини околу 100 милиони евра.