Порто синоќа со 1-0 ја доби Бенфика во четвртфиналето во Купот на Португалија, па популарните „змејови“ издоминираа и на социјалните мрежи со врвен мајтап на Жозе Мурињо.
Жозе Мурињо вчера повторно се врати на „Драгао“, местото каде испиша историја, но нема по добро да го памети овој меч.
Порто со 1-0 ја совлада Бенфика во четвртфиналето во Купот на Португалија, а популарните „змејови“ потоа издоминираа и на социјалните мрежи.
Во пресрет на натпреварот, Жозе Мурињо рече дека е лесно да се направи анализа на Порто, тоа го може да го направи и лаик, па Порто убаво го „пецна“ за ваквите коментари.
„ФК Порто. Лесно се анализира, тешко се победува!“ – гласеше објавата на социјалните мрежи.
Futebol Clube do Porto.
— FC Porto (@FCPorto) January 14, 2026
Fáceis de analisar, difíceis de bater 🫤#SeguimosJuntos pic.twitter.com/xKQCjWIixi
ФОТО: X/FC Porto