Поранешниот фудбалер на Јувентус, Даглас Коста се враќа во Калчото, но ќе направи изненадувачки трансфер и преселба во редовите на Киево во Серија Д.
Даглас Коста беше еден од најдобрите крила во Европа, блесна во редовите на Шахтар, по што Баерн Минхен за неговите услуги плати 30 милиони евра, а потоа Јувентус одвои 50 милиони евра за да го донесе во Торино.
Бразилецот сега е пред враќање во Калчото, но ќе направи изненадувачки трансфер, неколку извори објавија дека Даглас Коста се сели во Киево во Серја Д, односно во четврта лига.
Како што пренесе Тутоспорт, зделката се реализира со помош на Пјетро Латерца, кој е сопственик на Киево и Ал Итифак од Дубаи.
Во моментов, Ал Итифак нема простор за нов странец, па Даглас Коста следните шест месеци ќе ги помине во Киево, и потоа летоска ќе се пресели во Дубаи.
Бразилецот во моментов е без клуб, неговиот последен ангажман беше во Сиднеј ФК, каде беше под договор до септември 2025.
ФОТО: X/JuventusFC