Фернандеш би можел за замине од Јунајтед и да потпише за посилен тим!

by riste
1 минути читање

Денеска се појави трансфер шпекулација која го сели капитенот на Манчестер Јунајтед надвор од Олд Трафорд, Португалецот би останал во Европа и би играл за посилен тим.

Тој тим е Баерн Минхен. Наводно, Баварците сакаат да го донесат 31-годишниот Португалец и да внесат дополнителен квалитет во средниот ред.

Во Манчестер Јунајтед ситуацијата не е стабилна, клубот уште нема фатено јасна насока, а таквата турбулентна сегашност може да допринесе за полесно заминување на капитенот.

Се пишува дека во договорот на Бруно Фернандеш со Манчестер Јунајтед има откупна клаузула за клубовите надвор од Англија која изнесува 57 милиони фунти, односно 67,26 милиони евра.

Баерн е подготвен да ја плати оваа сума и да го засили тимот кој ионака изгледа многу моќно.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×