„Арбелоа стана тренер на Реал Мадрид само поради Жозе Мурињо“

by Стефан
1 минути читање

Алваро Арбелоа сѐ уште не седнал на клупата на Реал Мадрид на еден офцијален натпревар, а веќе добива критики.

Поранешниот десен бек на „кралскиот клуб“ е означен како тренер кој ја добил функцијата пред сѐ поради својот однос со Жозе Мурињо и фактот што често јавно се претставува како голем почитувач на португалскиот стручњак, нешто што самиот Арбело веќе го потврди.

Еден од оние што отиде најдалеку во критиките е Оскар Гарсија, поранешен фудбалер на Барселона и тренер кој во кариерата ги водеше Ремс, Селта и Олимпијакос. Тој директно го поврза изборот на Арбелоа со влијанието на Мурињо, со прилично остра изјава.

„Арбелоа сака да биде како Мурињо, а единствената причина зошто сега е тренер на Реал Мадрид е тоа што постојано зборува за Мурињо“, порача Гарсија.

Шпанецот смета дека Реал со овој потег направил чекор наназад, особено ако се земе предвид дека Чаби Алонсо е заменет со Арбелоа. Според него, разликата во тактичкото знаење е повеќе од очигледна.

Гарсија истакна дека, врз основа на она што го видел од Арбелоа во Кастиља, поранешниот шпански репрезентативец е далеку од нивото на Алонсо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×