Денеска на програмата се двете полуфиналиња од Африканскиот куп на нации, турнир кој одамна не бил толку силен. Во центарот на вниманието е директниот дуел меѓу Мохамед Салах и Садио Мане.
Салах и Мане во минатото заедно го водеа Ливерпул до најголемите успеси, освојувајќи ја Лигата на шампионите и Премиер лигата. Со години беа страв и трепет за противничките одбрани, но јавна тајна беше дека двете големи ѕвезди никогаш не беа во најдобри односи.
Често имаше „искри“ меѓу нив, а за тоа отворено проговори и нивниот поранешен соиграч од напаѓачкото трио, Роберто Фирмино. Бразилецот во својата книга откри дека морал да биде вистински „пожарникар“ меѓу Салах и Мане.
„Тоа беше најлошо чуваната тајна во Ливерпул. Никогаш не беа пријатели, секој гледаше само на себе. Мојата улога беше да бидам миротворец меѓу нив, да ги обединува. Да не го правев тоа, на теренот меѓу нив ќе имаше вистинска бура“, вели Фирмино и дополнува:
„Од прва рака ги гледав погледите, гримасите и говорот на телото кога беа лути еден на друг. Јас бев врската меѓу нив и пожарникарот. Мојот инстинкт и мојата должност беа да ја смирувам ситуацијата, да истурам вода на огнот, а никогаш бензин“, додава Бразилецот.
Мане со својот Сенегал и Салах со Египет ќе се сретнат вечерва од 18 часот во полуфиналето на Африканскиот куп на нации, во меч кој би можел да биде нивниот последен меѓусебен дуел. Во второто полуфинале од 21:00 часот ќе се соочат Мароко и Нигерија.
SENEGAL VS. EGYPT
— ESPN FC (@ESPNFC) January 10, 2026
MANE VS. SALAH
What a matchup in the AFCON semifinals 🔥 pic.twitter.com/poxPeCbm3S