Три ѕвезди го „избркале“ Алонсо од Реал, откриено и кога проблемите почнале

by Стефан
1 минути читање

Чаби Алонсо од вчера веќе не е тренер на Реал Мадрид, а реномираниот „Атлетик“ открива кои се фудбалерите со кои влегол во конфликт. Според информациите тоа биле: Винисиус Жуниор, Федерико Валверде и Џуд Белингем.

Шпанецот имаше импресивен старт на клупата на „кралскиот клуб“, со 17 победи во првите 20 натпревари, но во изминатиот период формата и резултатите на екипата не беа на посакуваното ниво.

Проблемите како што се наведува започнале за време на натпреварот против Барселона во октомври 2025 година, кога Алонсо, и покрај победата, влегол во конфликт со Винисиус поради замената. Бразилецот беше незадоволен од одлуката, одби да се ракува со тренерот, а клубот тогаш не презел дисциплински мерки против играчот.

Според истиот извор, Алонсо почувствувал дека ја губи контролата во соблекувалната и дека нема целосна поддршка од клупската управа. Воедно, со неговиот стил на работа и тактичките замисли незадоволство искажале и Валверде и Белингем.

Англискиот репрезентативец во претходните две сезони имаше значајна улога во тимот, но сезонава се соочуваше со пад на формата и под водство на Алонсо повеќе не беше недопирлив во средниот ред.

Од друга страна, Валверде, поради својата поливалентност, често беше користен на различни позиции, што дополнително го оддалечуваше од неговата омилена улога во средината на теренот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×