Се појави снимка која е доказ: Никој во Реал не го слушал Алонсо! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

На социјалните мрежи набрзо по отказот на Алонсо се појави видео снимка која покажува дека Алонсо Мадрид неемал контрола над соблекувалната.

Станува збор за сцена по синоќешното финале од Суперкупот против Барселона, одиграно во Џеда, во кое Реал беше поразен со 3-2. По завршувањето на натпреварот, фудбалерите на мадридскиот гигант одбија да го направат вообичаениот почесен шпалир за освојувачот на трофејот.

На видеото јасно се гледа како Алонсо ги повикува играчите и се обидува да организира шпалир за Барселона, но во тој момент Килијан Мбапе го презема зборот, ги запира соиграчите и им зборува дека треба да го напуштат теренот.

Целата ситуација, според медиумите, е доказ дека Алонсо практично немал вистински авторитет во екипата, додека Мбапе се наметнал како главна фигура меѓу фудбалерите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×