Необична ситуација: На Модриќ вчера му одговараше поразот на Реал!

by Стефан
1 минути читање

На 34. роденден, Дани Карвахал имаше шанса да се израмни со Лука Модриќ на врвот на листата на најтрофејни фудбалери во историјата на Реал Мадрид, но таа можност не ја искористи. Во финалето на Суперкупот на Шпанија, Барселона славеше против најголемиот ривал, со што десниот бек остана на 27 трофеи освоени со „кралскиот клуб“.

Од друга страна, Лука Модриќ, кој денес настапува за Милан, во текот на својата блескава кариера во Мадрид собра вкупно 28 пехари. Хрватскиот маестро освои пет трофеи во Суперкупот на Шпанија, пет во УЕФА Суперкупот, пет на Светските клупски првенства, четири титули во Ла Лига, две во Купот на Кралот и еден Интерконтинентален куп, со што и натаму останува најтрофејниот играч во историјата на еден од најголемите клубови во светот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×