Ендрик дебитира со гол за Лион и не криеше колку е среќен: Се чувствувам како дома!

by 24 фудбал
1 минути читање

Бразилскиот фудбалер Ендрик не го криеше задоволството по успешниот деби настап за Олимпик Лион, кој го одбележа со погодок во Купот на Франција.

Напаѓачот, кој е член на Реал Мадрид, во декември пристигна во Лион како позајмен фудбалер до крајот на сезоната, а првиот настап го имаше на дуелот од шеснаесетинафиналето на Купот против Лил. Лион славеше со 2-1, а Ендрик беше еден од стрелците.

Многу сум среќен, ова ми беше прв натпревар. Најважно беше да се пласираме понатаму. Беше тешка средба, знаевме дека не чека сериозен противник. Му благодарам на Бог за шансите за постигнување голови“, изјави Ендрик.

Бразилецот додаде дека брзо се вклопил во новата средина и повторно ужива на теренот.

Многу сум среќен што се вратив на теренот и што ми се врати насмевката. Чувството е одлично, подобро отколку што очекував. Можам да се шегувам со соиграчите, добро ги запознав сите, зборувам шпански и англиски. Се чувствувам како дома, навистина сум среќен и му благодарам на стручниот штаб и на сите во клубот“, порача Ендрик.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×