И тоа се случи: Чоло Симеоне им се извини на Вини и Перез!

by 24 фудбал
1 минути читање

Тренерот на Атлетико Мадрид Диего Симеоне јавно им се извини на Винисиус Жуниор и на претседателот на Реал Мадрид Флорентино Перез по контроверзното однесување на полуфиналниот дуел од шпанскиот Суперкуп.

Аргентинецот беше во фокусот по реакцијата кон Винисиус во првото полувреме, кога по симулирање на прекршок од страна на Бразилецот дојде до аут-линијата и упати навредлив коментар. Дополнителна тензија се случи и во 81 минута при излегувањето на напаѓачот на Реал од игра, кога имаше уште еден вербален судир меѓу двајцата.

Сакам да им се извинам на господинот Флорентино и на господинот Винисиус за она што се случи. Очигледно не е исправно од моја страна да се доведам во таква ситуација и прифаќам дека не бев во право“, кажа Симеоне.

Атлетико беше елиминиран во полуфиналето од градскиот ривал Реал Мадрид, кој подоцна во финалето не успеа да стигне до трофејот и загуби од Барселона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×