Пушти и крв за Милан: Србинот ќе ја памети Фиренца по деветте конци на аркадата!

by 24 фудбал
1 минути читање

Дефанзивецот на Милан и српската репрезентација Страхиња Павловиќ помина без посериозни последици по тешката сцена на натпреварот против Фиорентина кој заврши 1-1.

Павловиќ заработи длабока расекотина на главата по судир со Пјетро Комуцо и веднаш беше пренесен во болница на превентивни прегледи. Лекарските тестови покажале дека нема дополнителни повреди, а српскиот стопер добил девет конци. Иако сцената изгледаше драматично и дресот му беше натопен со крв при напуштањето на теренот во 74 минута, состојбата е стабилна.

Фудбалерот веќе денеска може да се приклучи на тренингот за опоравување и се очекува да биде подготвен за дуелот против Комо во четврток.

Милан со ремито во Фиренца не успеа да го искористи киксот на конкурентите, откако Интер и Наполи одиграа 2-2, па состојбата на врвот на табелата остана непроменета.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×