Кој е главен во Реал? Чаби Алонсо им кажа на фудбалерите да направат шпалир, а Мбапе… (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Чаби Алонсо има полни раце работа во менаџирањето на соблекувалната, ова го покажа и пресметката против Барселона во Суперкупот на Шпанија, кога тренерот на Реал Мадрид им кажа на своите играчи да направат шпалир, но тие не го послушаа.

Чаби Алонсо мака мачи да ги задржи среќни ѕвездите на Реал Мадрид, а дека тој очигледно нема големо влијание во соблекувалната, покажува и последното видео кое се појави на социјалните мрежи.

Тренерот на Реал Мадрид им кажува на своите играчи да направат шпалир за шампионот Барселона во финалето на Суперкупот.

Но потоа се замешува Килијан Мбапе, кој инсистира дека нема потреба за нешто таква и ги тера соиграчите да се повлечат од теренот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×