98
Како што пренесува „Футмеркато“, Осман Дембеле го шокирал ПСЖ со барање за плата од 60 милиони евра по сезона, понудата на „светците“ била двојно помала.
Осман Дембеле минатата сезона ја одигра на врвно ниво, па ги собра сите индивидуални признанија, вклучувајќи ја и престижната „Златна топка“.
Па славата малку му удрила во глава на Французинот и тој го шокирал ПСЖ со барањата за плата.
Како што пренесува „Футмеркато“, Осман Дембеле побарал примања од околу 60 милиони евра по сезона.
Предлогот на „светците“ бил двојно помал, односно околу 30 милиони евра по сезона.
Актуелниот договор на Осман Дембеле е до јуни 2028 година, па ПСЖ нема потреба да брза со преговорите.