55
По загубениот меч од Барселона, Чаби Алонсо потенцира дека Суперкупот е најмалку важното натпреварување за Реал Мадрид оваа сезона.
Реал Мадрид го загуби мечот за првиот пехар оваа сезона и тоа од ривалот Барселона, кралевите беа поразени со 3-2.
„Суперкупот е најмалку важното натпреварување кое го имаме“, вели Алонсо.
„Кога го примивме третиот гол, бев 100 проценти сигурен дека ќе имаме шанси да израмниме. И имавме, но топката едноставно не сакаше да влезе“.
„Емоциите се измешани. Разочаран сум од поразот, но исто така горд на моите фудбалери кои дадоа се од себе на теренот“.
„Вини имаше одличен перформанс. Тој го смени мечот. Го заменив затоа што тој побара да излезе поради грчеви“.