1,5K
Интер за последен пат победи во Серија А на почетокот од декември и не само што го загуби врвот на табелата, „Нероаѕурите“ се најдоа дури на четвртото место.
Клубот од Сан Сиро се надеваше дека на денешното гостување кај СПАЛ конечно ќе ја прекине лошата серија, но избраниците ан Лучано Спалети одново разочараа.
По едно прво полувреме без многу шанси, Интер поведе на стартот од вториот дел. Викари реагираше несмасно при една нафрлена топка и си постигна автогол за водство на гостите од 0-1.
„Нероаѕурите“ како да се задоволија со овој гол, па му ја препуштија играта на противникот, а за ваквиот пристап казната стигна во 90. минута, кога по една мешаница, Палоски најдобро се снајде и го матираше Хандановиќ за 1-1.