Откако пред една декада клубот премина во рацете на Шеиците од Абу Даби, финансиите никогаш не биле проблем за Манчестер Сити.
Клубот од Етихад секоја година се расфрла со пари а врвот беше достигнат изминатово лето кога Пеп Гвардиола трошеше како никогаш претходно и беа изводени преку 200 милиони фунти за засилувања.
Шпанецот исто така потроши и преку 160 милиони фунти во првата сезона на жешкото столче на „Граѓаните“, а до крајот на месецот веројатно ќе потроши уште 60 милиони фунти за ангажман на Ајмерик Лапорт од Атлетик Билбао.
„Граѓаните“ заедно со ПСЖ се најголемите трошаџии во Европа во последните неколку години, но Пеп Гвардиола вели дека нема доволно пари за да состави тим кој ќе доминира на сите полиња и ќе стигне до историски успех и четири титули.
„Се уште сме во игра во сите четири натпреварувања, но треба да имате среќа кога се во прашање повредите или пак да имате 22. топ фудбалери“ – вели Шпанецот.
„За да имате 22. топ фудбалери, потребно е да имате пари. Луѓето можеби нема да ми веруваат, но ние ги немаме овие пари.
„Да се има 22. топ фудбалер е скапо. Дури ни Сити не може да си го дозволи тоа. Има плати кои не можеме да ги исплатиме и има трансфери кои не можеме да ги реализираме“.
„Немаме платено 100 милиони фунти за еден играч, ниту пак 90 или 80 милиони фунти. Не можеме да платиме вакви суми. Можеби во иднина ќе можеме, но во моментов управата ми рече дека не можеме. Тоа е вистината“.
Никој не може да му ги оспори квалитетите на Пеп Гвардиола и успехот што тој го носи каде и да работи, но ако тој се жали дека нема доволно пари што да кажат другите тимови?
Манчестер Сити во моментов има 19 топ фудбалери и стартен состав во кој сите играчи се платени барем по 40 милиони евра.
На клупа има уште неколку играчи кои вредат барем толку, и ретко кој тим може да се пофали со ваков ростер.