Вистинска сензација се случи попладнево во англискиот ФА Куп, бранителот на трофејот и премиерлигаш Кристал палас доживеа сензационална елиминација од екипата на Маклсфилд која славеше со 2-1.
Станува збор за аматерска екипа која се натпреварува во Националната лига север што е шести ранг во Англија и првпат во 117 години се случува една екипа од Премиер лигата да доживее елиминација од клуб кој е толку ниско рангиран.
Домаќините на својот мал стадион предводени од клупата од Џон Руни, братот на легендата на Манчестер јунајтед, Вејн Руни одиграа одлично, иако Палас во финишот притисна и се обиде да се врати во игра. Џон Руни го презема Маклсфилд летово, веднаш по завршувањето на играчката кариера која ја заврши токму тука.
Резултатот на денешниот натпревар беше отворен во 43. минута со голот на Пол Довсон и тоа беше единствениот гол во првиот дел. Се играше 61. миннута кога Исак Бакли донесе нова голема радост за домаќините и се погрижи за 2-0.
Стрелец на голот за Палас беше Шпанецот, Жереми Пино во 90. минута, а во поледните минути беше веќе предоцна фаворитот да се врати во натпреварот.