73
Беше потребно Киево да остане со девет играчи за да може Јувентус да го скрши отпорот на домаќинот.
Бастиен успеа за две минути да добие два жолти картони и во 37. минута Киево остана со фудбалер помалку, но и покрај тоа Јувентус не успеа да даде гол.
Во 61. минута Качиаторе поради неспортско однесување доби црвен картон, Јувентус на теренот имаше два играчи повеќе и конечно успеа да погоди.
Шест минути по црвениот картон Кедира носи водство на Јувентус од 1-0, а Игуаин во 88. минута ги постави конечните 2-0.
Со овие три бода Јувентус се искачи на врвот во Серија А, но веќе утре може да биде симнат од таму доколку Наполи ја оправда фаворитската улога против Болоња.