Африканците поради бизарна грешка го избркаа најдобриот судија од Купот на Нациите!

by Стефан
1 минути читање

Судијата од Сомалија, Омар Абдулкадир Артан (34), е суспендиран од Африканскиот куп на нации поради носење опрема која не била дел од официјалните технички спонзори на турнирот.

Комитетот за судии при Африканската фудбалска конфедерација (ЦАФ) донел одлука да го замени арбитарот кој првично бил назначен да ја дели правдата на четвртфиналниот натпревар меѓу Алжир и Нигерија.

Артан бил санкциониран поради кршење на правилата за опрема за време на натпреварот меѓу Габон и Брегот на Слоновата Коска, одигран на 31 декември. Тогаш сомалискиот судија настапил со копачки од производител кој не бил дел од спонзорите на турнирот.

Од оваа непромислена грешка не го спасиле ниту долгогодишното искуство, ФИФА значката, ниту фактот што неодамна беше прогласен за најдобар африкански судија за 2025 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×