Навивачите на Реал ги посочија виновниците за кризата на тимот, и Роналдо е меѓу нив

by
1 минути читање

Мадридскиот весник „Марка“ кој е близок до Реал Мадрид, направи анкета, читателите требаше да гласаат за тоа кои играчи се обидуваат да ја спасат сезоната, а кои се виновни што клубот е во таква тешка криза.

На анкетата гласаа дури шест милиони читатели на Марка. Што е показател колку навивачите се погодени од очајната сезона на Реал Мадрид.

Меѓу спасителите се девет играчи, Начо доби 84% од гласовите, зад него е Модриќ со 79%, потоа следуваат Карвахал (73), Бејл (69), Лукас Вазкез (65), Кејлор Навас (64), Иско (60), Крос (56) и Касемиро (55).

Меѓу оние на кои навивачите им дадоа пролазна оцена ги нема ѕвездите како Роналдо, Рамос, Бензема, Асенсио. Од друга страна, Герет Бејл кој беше прозиван од почетокот на сезоната, успеа да ги сврти фановите на своја страна.

Според навивачите, виновни за кризата на Реал Мадрид се: Бензема со дури 92% гласови, потоа следуваат Тео (88), Ашраф (81), Касиља (77), Марсело (77), Кристијано Роналдо (77), Љоеренте (75), Ковачиќ (70), Себаљос (60), Мајорал (59), Варан (57) Ваљехо (56), Рамос (54) и Асенсио со 53%.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани