Дали судиите го ограбија Наполи: Хојлунд објави снимка на Инстаграм! (ВИДЕО)

by riste
2 минути читање

Наполи синоќа киксна, одигра само 2-2 на свој терен против Верона и загуби два бода во трката по шампионската титула.

Имаше две контроверзни ситуации на штета на Наполи, па домаќините се бесни на судењето.

Особено беше Хојлунд на кого му поништија гол. На теренот тој беше неверојатно нервозен кога виде дека ВАР му го поништи погодокот, пцуеше и викаше, а потоа гневот продолжи да го искажува на социјалните мрежи.

Беше досудено дека играл со рака пред да го постигне голот, тој тврди дека не играл, туку топката директно го удира во гради, а тој ја повлекува раката.

Од снимката тешко може да се забележи кој е во право, но за судиите немаше дилема дека тоа е игра со рака.

Интересн, минатата сезона Наполи не доби пенал против Интер за чисто играње со рака, тогаш објаснувањето беше дека ударот со раката е пред градите, па немало влијание на играта. Нешто што можеше и сега да се протолкува.

Втората ситуација на вчерашниот меч е кога беше досуден пенал за Верона по игра со рака на фудбалер на Наполи. Тука играњето со рака беше чисто, но некои критичари велат дека фудбалерот кој ја удира топката со рака е под фаул, врз него е обесен играч на Верона кој влијае на движењето на фудбалерот на Наполи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×