Хари Реднап е подготвен пак да седне на клупата на некој тим, би работел бесплатно, особено за Вест Хем кого сака да го спаси својот тим од испаѓање.
По поразот од Нотингем форест на домашен терен, Вест Хем се најде во исклучително лоша ситуација на табелата, па иднината на Нуно Еспирито Санто е неизвесна.
Реднап кој во Вест Хем пристигна како 15-годишник во 1962 година и за кој играше седум години како професионален фудбалер, а потоа беше и тренер од 1994 до 2001 година, сака повторно да се врати во клубот од источен Лондон иако во март ќе наполни 79 години.
„Би работел бесплатно. Би отишол било каде ако некој ме викне и тоа би работел бесплатно. Навистина, би уживал во тоа. Не е работата за пари. Би уживал во дружењето со играчите, го сакам тоа. Кој и да дојде во Вест Хем мора да го извади најдоброто од постоечкиот тим. Во моментов изгледаат како да не се способни доволно да се борат за опстанок во лигата. Само Нотингем форест е на дофат“, рече Реднап.