Тренерот на Тотнем ги шокираше фановите – пиеше од чаша „Арсенал“ (ФОТО)

by riste
1 минути читање

Томас Франк го навлече гневот на фановите на Тотнем откако на вчерашниот меч против Борнмут пиеше од чаша на најголемиот ривал, Арсенал, стратегот потоа се правдаше.

Сликата веднаш стана вирална, па Франк доби прашање од новинарите за неговиот шокантен потег.

„Дефинитивно не го приметив тоа. Би било комплетно глупаво од моја страна да го направам тоа ако знаев“, рече Томас Франк.

„Малку е тажно што треба да бидам прашан за тоа. Никогаш не би направил нешто толку глупаво“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×