Трилер со седум голови на Сент Џејмс Парк, Њукасл и Лидс одиграа неверојатен меч кој го добија домаќините со 4-3 иако трипати губеа во текот на натпреварот.
Лидс поведе со гол на Аронсон во 32. минута, но само четири минути подоцна Барнс го израмни резултатот.
Сепак во судиското продолжение од првото полувреме Калвер-Луин од пенал го врати водсвото на Лидс, овојпат од 2-1.
Во 54. минута Жоелинтон израмни на 2-2, но во 79. минута Аронсон со својот втор гол носи нова предност за Лидс, сега од 3-2.
Но тоа не беше се, во 91. минута Бруно Гимараеш погоди од пенал за 3-3. Имаше уште многу време, продолжението беше долго.
Кога се очекуваше дека спектаклот ќе заврши 3-3, лудилото го комплетираше Барнс со гол во 102. минута за победа на Њукасл од 4-3.