Манчестер Јунајтед ремизираше кај Барнли, одигра 2-2 во првиот меч по отаказот на Рубен Аморим, тимот денеска го водеше Дарен Флечер.
Натпреварот почна лошо за Манчестер Јунајтед, младиот Хевн си постигна автогол во 13. минута за водство на Барнли од 1-0.
Јунајтед конечно израмни во 50. минута со гол на Шешко, а десет минути подоцна Словенецот постигна уште еден погодок, овојпат за комплетен пресврт и водство од 2-1.
Но, гостинот не ја сочува предноста, во 66. минута Ентони даде убав гол за конечни 2-2.