Лудо полувреме на Барселона – го потопи Атлетик за 45 минути! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Барселона одиграа спектакуларни први 45 минути против Атлетик Билбао и на паузата заминаа со убедливо водство од 4-0.

Каталонците го отворија резултатот во 22. минута преку Феран Торес, а само осум минути подоцна предноста ја удвои Фермин. Во 34. минута Бардхи се погрижи за убедливи 3-0, по што следуваше уште еден брз удар, Рафиња во 38. минута го постави конечниот резултат на полувремето.

Во полуфиналето кое за Барселона е веќе на повидок ќе играат против победникот од мадридскиот дуел меѓу Реал и Атлетико.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×