Реал има 300 милиони за засилувања, но колку ќе им бидат од корист на овој луд трансфер пазар?

by
1 минути читање

Реал Мадрид има разочарувачка сезона, заостанува 19 бода зад лидерот Барселона, а оваа недела доживеа и шокантна елиминација од Копа дел Реј.

Па се најавуваат реконструкција по крајот на сезоната и пристигнување на неколку нови имиња.

Денешното издание на Марка вели дека Реал Мадрид на располагање ќе има прилично голем трансфер буџет. Во последните две години не беше донесено ниту едно звучно засилувања, беа продадени неколку играчи, па ако на ова се додадат и парите од наградите како и новите спонзорски договори, се доаѓа до сума од околу 300 милиони евра.

Желби има многу, но прашање е колку ќе можат да се реализираат плановите на овој луд трансфер пазар.

Доколку Реал тргне по Нејмар, најголемиот дел од овие 300 милиони евра, ако не и целата сума ќе бидат потрошени само на Бразилецот.

Желба е и Хари Кејн, но ниту тој нема да биде ефтин. Тотенхем за својата ѕвезда бара преку 230 милиони евра.

Еден Азар со години се поврзува со „Кралевите“, но и за Белгиецот ќе бидат потребни преку стотина милиони евра, или половина од трансфер буџетот. Бројка од 100 милиони евра се споменува и за трансферот на Давид Де Геа, кој исто така е дамнешна желба на Флорентино Перез.

Секако, буџетот дополнително може да се зголеми со продажба на играчи како Роналдо, Бејл и Бензема но прашање е колку Реал ќе може да направи еден волку голем ремонт во еден преоден рок.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани