Неколку извори објавија дека Жоао Кансело е пред враќање во Барселона, се очекува во скоро време да пристигне и официјална потврда.
Жоао Кансело нема иднина во Ал Хилал, па десниот бек овој месец ќе се врати во Европа.
Интер пројави интерес за неговите услуги, начелно беше постигнат договор, но Португалецот пред конечно да каже ДА, побара неколку дена за да види дали може да се пресели на Камп Ноу.
Барселона е дестинацијата која ја преферира, последните инфформации велат дека Ханси Флик дал амин за една ваква зделка, па сега се финишираат преговорите за трансфер на Жоао Кансело во редовите на „каталонците“.
Жоао Кансело беше дел од Барса во сезоната 2023/24, но клубот од Камп Ноу тогаш немаше пари во целост да го купи од Манчестер Сити, па тој замина на печалба во Саудиска Арабија.