Легенда на Јунајтед ќе биде привремен наследник на Аморим!

by riste
0 минути читање

Манчестер Јунајтед утринава му врачи отказ на Рубен Аморим, а веднаш назначи и привремен тренер кој ќе го води тимот додека не се најде трајно решение.

Привремен тренер ќе биде Дарен Флечер, фудбалерот кој потекнува од школата на Манчестер Јунајтед и 13 години го носеше дресот на сениорскиот тим.

За него ова ќе биде прва тренерска работа.

Во наредниот период Манчестер Јунајтед ќе биде во потрага по трајно тренерско решение.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×