57
Според шпанските медиуми, Родриго размислува за заминување од Реал Мадрид поради силната конкуренција во нападот и ограничената минутажа.
Бразилецот е сѐ понезадоволен од својата улога, а интерес за него покажале Ливерпул, Арсенал и Манчестер Сити.
Иако е дел од Реал од 2019 година и има речиси 300 настапи, во плановите на Чаби Алонсо предност имаат Винисиус Жуниор, Килијан Мбапе и Џуд Белингем. Сепак, Реал засега не планира негова продажба и го смета за важен играч.
Можно е ситуацијата да се промени доколку Винисиус прифати понуда од Саудиска Арабија, што би му отворило простор на Родриго да остане и да добие поголема улога.