Артета го прашаа за „проклетството“ на Арсенал: Време е да го прекинеме!

by 24 фудбал
1 минути читање

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, верува дека е дојдено време да се прекине негативната традиција која вели дека лондонскиот клуб никогаш не ја освоил титулата во Премиер лигата доколку Новата година ја дочекал на врвот на табелата.

Не знаев за тој податок. Време е да го прекинеме тоа проклетство“, изјави Артета во петокот, одговарајќи на новинарско прашање дали е запознаен со фактот дека Арсенал дури пет пати ја пропуштил шансата да стане шампион кога влегувал во новата календарска година како лидер во Премиер лигата.

Задоволни сме од позицијата на која се наоѓаме, но знаеме дека секогаш може подобро и дека има простор за напредок. До крајот на сезоната остануваат уште пет месеци и пред нас има многу работа. Кај играчите се гледа голема желба и енергија, уживаме во процесот од ден на ден, а сега целосно сме фокусирани на Борнмут“, порача Артета.

По 19 одиграни кола, Арсенал се наоѓа на првото место со 45 бодови. По него следи Манчестер сити со четири бодови помалку, додека третопласираната Астон Вила заостанува шест бодови. Актуелниот шампион Ливерпул е на четвртата позиција со дури 12 бодови помалку од лидерот. Во сабота, Топчиите гостуваат кај Борнмут, кој моментално се наоѓа на 15. место на табелата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×