Каков скок: Од четврта лига направи трансфер во клуб кој игра во ЛШ!

by 24 фудбал
1 минути читање

Белгискиот шампион Ројал Унион Сен Жилоа ангажираше млад напаѓач со хрватски корени, откако во своите редови го донесе 22 годишниот Матео Биондиќ, објави познатиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо.

Биондиќ досега настапуваше во четвртата германска лига, каде го носеше дресот на Ајнтрахт Трир, а со овој трансфер прави огромен исчекор во кариерата, бидејќи од полупрофесионално натпреварување се сели во клуб кој игра во Лигата на шампионите.

Во текот на актуелната сезона во Регионалига Југозапад, Биондиќ запиша 17 настапи, при што постигна седум голови и додаде пет асистенции. Според податоците на Трансфермаркт, тој може да игра како централен напаѓач, крилен офанзивец, но и како офанзивен играч за врска.

Фудбалерот е роден во Германија и поседува германско и хрватско државјанство, а Ројал Унион е познат како клуб кој често носи играчи од пониски или послаби лиги и постепено ги развива во важни членови на тимот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×