Серхио Рамос може да се врати во Севиља и тоа како – сопственик!

by Стефан
1 минути читање

Славниот шпански фудбалер, Серхио Рамос би можел стане сопственик на Севиља, клубот во кој некогаш и играше.

Неговиот матичен клуб поминува низ турбулентен перод поради финансиските проблеми, а Рамос сака да помогне и да ја врати Севиља на победничките патеки.

Информациите се дека тој веќе оформил инвестициона група која испратила понуда за откуп на Севиља, меѓутоа детали за понудата во овој момент не се откриваат.

Исто така се наведува и дека ова не значи повлекување на Рамос од професионалната кариера, тој и понатаму чека понуда бидејќи од декември е без клуб.

Севиља веќе некое време поминува низ бурен период и во овој момент се 10-ти на табелата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×