33
Традицијата продолжува, има фудбал во Англија на први јануари, денеска на програмата се четири натпревари од Премиер лигата.
Англичаните имаат најзгуснат распоред околу новогодишните празници, со фудбалот се слави влегувањето во новата година.
Од 18:30 часот има две средби, Ливерпул го пречекува Лидс, А Кристал Палас е домаќин на Фулам.
Од 21 часот исто така има две средби, Манчестер Сити гостува кај Сандерленд, а Брентфорд ќе го пречека Тотнем.
Покрај овие мечеви од Премиер лигата, во Англија се играат и цели кола од Чемпионшип, Лига 1 и Лига 2.