Невил жестоко по Аморим: Против Вулвс правеше бизарни измени!

by Стефан
1 минути читање

Легендата на Манчестер јунајтед, Гери Невил го критикуваше тактичкиот избор на Рубен Аморим по ремито со Вулвс, тим кој е убедливо најслаб во актуелната сезона од Премиер лигата.

Како што истакна Невил, секоја измена што португалскиот стратег ја направил во текот на натпреварот само дополнително ја влошувала состојбата на теренот.

„Секоја измена беше бизарна. Ако Зиркзе не беше повреден и тоа беше тактичка измена, таа беше навистина лоша. Зиркзе не е Ерик Кантона, во ниту една смисла, но требаше да биде таму поради физичката сила, поради присуството, поради искуството. И постигна гол. Не можеш да го замениш. Затоа се надевам дека е повреден. Се надевам дека е повреден поради Рубен Аморим“, изјави Невил.

Откако станало јасно дека повлекувањето на Зиркзе било исклучиво тактичка одлука, а не резултат на повреда или замор, поранешниот десен бек дополнително ја заостри реториката:

„Тоа не е во ред. Тоа не смееше да се случи.“

Невил е дециден дека Аморим уште од самиот почеток не ја поставил екипата како што треба на „Олд Трафорд“, па токму нег го посочи како клучен виновник за киксот и пропуштените бодови против Вулвс.

Standings provided by Sofascore

Можно е и ова да ти се допаѓа

×